Што да облечете денес?

21 јануари 2014

Сите го почнуваме денот во потрага по комбинацијата од гардероберот, а за да ви биде полесно ние секојдневно ви помагаме да се инспирирате. За денес наш предлог е спортска и комфорна комбинација од црни цигара фармерки, широка блуза во пастелна нијанса и крзнено елече. Од аксесоари најважен ви е маркантниот модел на часовник, додека чантата и чизмите нека бидат во кафена боја како онаа од елекот. Имајте убав ден!

Објавено:
21 јануари 2014
Категорија: 
Тренд