Што да облечете денес?

24 април 2014

За денес ви предлагаме двобојна контрастна кежуал комбинација во која доминираат шик аксесоари. Едноставните комбинации секогаш изгледаат најдобро надополнети со впечатливи детали, за какви се одлучивме и да ви предложиме денеска. Од вашиот плакар извадете ги темните џинс фармерки во цигара крој и едноставна лелеава широка кошула во пастелна нијанса која ќе ја пуштите слободно да паѓа, наместо да ја вовлечете во појасот од фармерките. Бојата на мастило одлично се надополнува со пудрестите тонови, затоа не вклучувате уште една нијанса, туку  селекцијата направете ја само на овие две. Имајте убав ден!

Објавено:
24 април 2014
Категорија: 
Тренд