Тоа што имате изразени облини, не значи дека на работа треба постојано да одите во црна облека, широка. Со вистинскиот избор на облека, можете да бидете и модерни и да изгледате професионално.
Тоа го порачуваат и plus-size модните блогерки. Според нив, здолниште со фалти, или во А-крој што ќе ги намали визуелно облините е секогаш добар избор. Но, можете да одберете и тесна, но со интересен принт што ќе создаде оптичка илузија во комбинација со долга наметка или палто.
Панталони со дискретен принт, маичка и малку струкирано сако се исто така еден од нивните омилени избор.
Доколку во овој пролетен период преферирате фустани, тогаш одберете таков што ќе ја нагласи половината. Исто така и кошула-фустаните се добра опција, бидејќи одговараат речиси на секој тип на градба.
За која било варијанта да се одлучите, надополнете ја со соодветни обувки и други модни додатоци. Блогерките советуваат да носите рамни обувки, или на минимална потпетица, затоа што се попрактични во текот на работниот ден.
Чантите нека не бидат ниту премногу големи, ниту премногу мали. Одберете некоја големина која ќе биде соодветна на вашите потреби, но сепак визуелно ќе се вклопи во вашата граба. Ако одберете премногу мала, ќе изгледа смешно. Доколку одберете пак премногу гломазна, уште повеќе ќе го нагласи тоа што сте крупни.
Во галеријата погледнете ги нивните предлози, кои веруваме ќе ве инспирираат.