Сите нијанси на лаванда во летната улична мода

16 мај 2020

Летото е идеална основа за нијанси на лаванда.

Нежен, романтичен и женствен шарм што лесно си го наоѓа своето место во летниот имиџ базиран на лелеава, лесна и ноншалантна естетика.

Уличната мода секогаш има своја автентична верзија на актуелните тенденции, па ќе биде забавно да се анализира како виолетовите нијанси ќе се имплементраат во нејзиниот портрет.

Во нашата визија, тоа изгледа вака: транспарентни материјали во ливанда нијанси, комбинирани со бела основа или други пастелни тонови. Џинсот секако е присутен како алтернатива за секоја комбинација. А спојот на лаванда со флорални принтови е во идеална релација со сите романтични макси и миди фустани или здолништа.

Дали сте за ливанда во вашиот летен стил? Ѕирнете во фото галеријата за инспирација, ако воопшто се двоумите.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
16 мај 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.334 пати