Сивите нијанси не се монотони ако ги комбинирате на забавен начин
•
24 октомври 2018
Ако можеби првата асоцијација за сивата боја е монотон изглед, ние ќе ве разубедиме...
Сивите нијасни во аутфитот всушност многу лесно може да се комбинираат со остатокот од спектарот бои, а тоа отвора можност за бројни варијации.
Со нијансите на сива може да балансирате помеѓу две интензивни или пак пастелни бои или со безвременскиот црно-бел спој.
Притоа, сивата особено овој период од годината е комбинирана во различни дезени и принтови, како што е змискиот или карираниот, па може да резимираме дека сивата е и меѓу најактуелните бои за оваа есен.
Шеширите, чизмите и топлите шалови се дел од модните додатоци што често се обоени во сиви тонови, па токму со избор на таквите аксесоари може да ја имплементирате сивата во вашиот изглед.