Совршени парчиња од Манго за топла зима!

29 октомври 2016

Еден од омилените high street брендови Манго има нов каталог полн со совршени зимски парчиња. Во истиот ќе најдете одлични предимензионирани плетени модели и карирани парчиња кои заедно прават еден идеален спој.

Целиот едиторијал е снимен на магична зимска локација која на совршен начин ги отсликува и дополнително ги истакнува парчињата.

Меѓу моделите ќе најдете широки волнени панталони со машки крој, куси пуловери со спортска естетика, волуменозни кардигани и капути со прекрасен крој по кои брендот е всушност познат.

Секоја зима слоевитото облекување е омилено кај девојките, а бројните идеи кои доаѓаат од брендот оваа сезона ќе ги освежат сите ваши комбинации.

Долгиот цветен фустан тие предлагаат да го носиме со чизми и џемпер, а истото важи и за кусите здолништа.

Оваа сезона вистински хит се кусите здолништа без разлика од каков материјал се направени, па така во вашиот плакар мора да се најде едно токму такво.

Инспирирајте се од стајлинзите кои тимот на брендот ги направи, а кои знаеме дека ќе ги обожавате.

Извор: Buro 24/7

Објавено:
29 октомври 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.080 пати