Новата Манго колекција изгледа одлично!

29 септември 2016

Популарниот high street бренд Манго има нова колекција и одлична кампања насловена како Driving to nowhere за сезоната есен/зима.

Во истата ќе најдете тренди и топли парчиња кои ќе бидат совршен избор за оваа есен, но и ваши стилски сојузници во студената зима.

Сите парчиња од колекцијата се во ретро дух, а во фокусот се бунди од вештачко крзно, секси кожени здолништа, долги широки капути, слатки блузички со панделки, карирани парчиња, топли џемперчиња, кадифени палта, фустани и што уште не.

Она што е особено интересно се комбинациите направени во есенскиот едиторијал, каде стилистите комбинираа тенки фустанчиња со мрежести хулахопки, чизми до глуждовите и зимски капути.

Подеднакво интересни се и комбинациите на карираните комбинезони стилизирани со цветни блузички, монтките со здолништа, кожените парчиња со џемпери и сличните други супер комбинации.

Најголем впечаток оставија мрежестите хулахопки кои се чини се враќаат во мода, а овој пат тие доаѓаат во малку поинтересни и да речеме, носливи варијанти.

Судејќи според кампањата, сезоната есен-зима ќе биде навистина интересна и доста стилска благодарение на интересните парчиња кои доаѓаат од Манго.

Објавено:
29 септември 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.817 пати