Стилски поздрав од улиците на Милано

22 јуни 2022

Вообичаено, Милано секогаш е на топ листата модни дестинации. Но, особено периодов, за време на неодамна одржаната Модна недела за мажи, градот ја живееше постпандемиската мода со полн капацитет.

Најмногу се зборуваше за колекциите на Прада, Фенди, Версаче кои ги прикажаа своите машки линии за пролет-лето 2023, но исто толку внимание привлече и уличната мода која донесе посебна енергија и свежина во градот.

Слобода, еклектика, игра без правила е веројатно првиот впечаток откако ќе погледнете во каков дух живееле улиците на Милано деновиве.

Меѓу гостите кои донесоа посебна стилска возбуда кога е во прашање уличната мода, беа и Ана Дело Русо, Валентина Ферањи, Тамара Калиниќ, Каро Даур, кои актуелните тенденции ги интерпретираа на, за нив карактеристичен начин.

Се носи многу боја, принтови, мини, парчиња со асиметрични исечоци, се открива кожа, се носат и масивни очила и модни додатоци што додаваат уште повеќе видливост, на и онака впечатливите изгледи.

Фото: Инстаграм

 

Објавено:
22 јуни 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
859 пати