Керолин Даур е модна блогерка од Германија која зад себе има цела армија на следбеници на Инстаграм.
Даур, 28, редовно споделува видеа и фотографии со свежи стилски идеи, а нејзините 4,5 милиони фанови не изостануваат со лајкови и пофални зборови.
За прв пат започнува да пишува блог уште како студентка давајќи совети за дневен аутфит, не надевајќи се дека за кратко време ќе привлече толкава бројка на следбеници.
Керолин има соработувано со Fendi, Dior, Dolce&Gabbana, Adidas, Levis и Cartier, а за нејзиниот стил имаат пишувано многу светски магазини.
Како што и самата вели сака да се чувствува самоуверено во облеката и да се забавува и токму тоа го пренесува преку нејзините креативни стајлинзи.
Ја гледаме во секакви изданија, од секојдневни па се до гламурозни, како на пример црвениот тепих во Кан.
Го сака луксузот, но и модерниот вајб, ги следи трендовите, но ги адаптира според нејзиниот сензибилитет.
Високи потпетици, тесни светкави фустани, но и кожни парчиња, сето тоа уникатно склопено до совршенство.
А кога денот е опуштен неизоставен е џинсот и суптилниот накит.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram