Тату трендови за оваа сезона: Одберете нешто што ќе има големо значење за вас!

9 јули 2014

Спојката на нешто минливо како што се трендовите со нешто трајно како што се тетоважите, изгледа како многу лоша идеја!

Токму тоа го потврдуваат и сѐ поголемиот број зафати на отстранување на тетоважи како пеперутки на грбот, оние со трајбал принт по рацете, змии и сабји по нозете, за кои некој, некаде, зажалил што ги направил на своето тело.

Но, трендовите оваа сезона се толку интересни и инспиративни и се како создадени за оние што се двоумат дали да направат траен украс на своето тело или пак не. Некои од нив се толку минимални и слатки, што веруваме дека многумина нема ни да ги забележат дека сте ги направиле.

Вистинскиот тренд кај тетоважите оваа сезона е тоа што пред да се одлучите да ставите некоја тетоважа, таа задолжително мора да има особено значење за вас на што и ќе се потсетувате секој пат кога ќе ја видите.

Иако тетоважите отсекогаш биле одбирани по значењето што го имаат за оној што планира да си го украси неговото тело, оваа сезона тоа добива најголема важност.

На пиедесталот кај трендовите оваа сезона дефинитивно се малите тетоважи што најчесто се ставаат на омилените места по рацете.

Па така, сѐ почесто на социјалните мрежи можеме да видиме споделени фотографии од мини – тетоважи во вид на сидро, срце, крст, стрелки, дијамантчиња, пилиња, мали животинчиња, инспиративни зборови и слично.

Во продолжение, ние ги одбравме најчесто постираните сезонава, но и оние што нам најмногу ни се допаднаа.

Ако ви е потребна инспирација, истата можете да ја најдете во фотографиите подолу, но секогаш запомнете, значењето на истата да го ставите пред сите трендови!

Објавено:
9 јули 2014
Категорија: 
Тренд