Темната зелена боја е најелегантната нијанса за есенски комбинации

12 октомври 2022

Сигурно многумина од вас би се согласиле дека речиси и да не можеме да ја замислиме есента без барем едно модно парче во зелена боја.

Но, зелената која се чини дека бескомпромисно ги освојува срцата на вљубениците во модата е онаа темната, длабока и богата зелена боја која неодоливо се вклопува со темната црвена, портокалова, жолта, виолетова, темно сината, црната, белата, цикламата...и листата не завршува тука.

Фото: Pinterest

Есенската мода и нијансите кои се враќаат во тренд оваа сезона се најчесто инспирирани од природата и есенската раскошна и топла палета на бои, каде најчесто доминираат земјените тонови, како кафената, беж, портокаловата, жолтата и бордото. Па така, зелената има моќ да ја разведри, освежи и разигра секоја есенска гардероба.

Фото: Pinterest

Наедно, темната нијанса на зелена боја е неодоливо елегантна и наоѓа примена дури и во најсвечените и најформалните изгледи, а покрај тоа, оваа есен ќе биде присутна и во секојдневните и лежерни комбинации.

Без разлика на тоа дали ќе се одлучите за целосен монохроматски изглед во оваа нијанса, или пак за модни парчиња како дуксери, панталони, мантили, палта, блејзери, здолништа, фустани, кошули, плетени блузи, шалови и чизми, оваа есен подгответе се да направите дополнителен простор во вашиот гардеробер за темната зелена боја.

Фото: Pinterest

Во прилог ви нудиме неколку инспиративни примери за како да го сторите тоа.

Фото: Pinterest

 

Објавено:
12 октомври 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.850 пати