Тренд аларм: Колоритна комбинација за првите сончеви зраци!

16 март 2015

Денешната комбинација од Bitsiani е наменета за сите момци кои сакаат да изгледаат елегантно, а сепак да не остават впечаток како премногу да се потрудиле околу својот изглед.

Едноставните бели фармерки се надополнети со впечатлива и младешка кошула во розова боја, а палтото кое исто така изобилува со свежина ја дава финалната нота на елеганција.

Оваа комбинација е како совршена за првите сончеви зраци кога конечно можеме да се збогуваме со капутите и топлите парчиња.

Истата е одлична за повеќе намени, па така без разлика за каде ќе ја одберете, веруваме дека ќе бидете момче што дефинитивно ќе се издвои од толпата.

Објавено:
16 март 2015
Категорија: 
Тренд