Со оглед на тоа што утрово нѐ дочека сончево време што повторно премина во сив ден, барем малку ни влеа надеж дека многу наскоро ќе може да се збогуваме со капутите!
Денешниот тренд аларм е неверојатно стилска бохо комбинација составена од неколку шик парчиња за повикување на пролетта.
Комбинацијата вклучува тренди здолниште со висок струк во окер боја што го комбинираме со црна маичка на прерамки.
Акцентот во денешната комбинација целосно го ставаме на овој интересен бохо џемпер во црно – бела боја со неодоливи реси во долниот дел. Целосниот изглед го крунисуваме со ниски рокерски чизмички со впечатливо златно синџирче.
Што се однесува до модните додатоци, бохо ѓерданот одлично ќе ја надополни целата комбинација, а нежната шминка и лежерната фризура совршено ќе се вклопат во вашиот изглед.