Што да облечете денес?

27 март 2015

Бидејќи утрово нѐ дочека дожд во главниот град, повторно извадете ги чизмите од вашиот плакар ако воопшто ги складиравте! Носиме тесни фармерки во сива нијанса и ги комбинираме со лежерна црна кошула и сив топол џемпер. Денеска сѐ е во деталите, па така носиме и сива капа и марама во иста нијанса. Чизмите денеска се црни до глужд, чантата во иста боја, а целата комбинација ја крунисуваме со шик рокерска јакна.

Уживајте во дождливиот петок!

Објавено:
27 март 2015
Категорија: 
Тренд