Тренд аларм: Крем + кафено е секогаш добитна комбинација!

7 февруари 2019

Ние дефинитивно секогаш сме за еднобојни комбинации кои во секој момент изгледаат толку софистицирано и женствено.

Токму таква комбинација ви предлагаме денес, составена од неколку клучни, супер женствени парчиња што секоја дама би требало да ги има во својот плакар.

Денешната тренди комбинација е составена од плетено фустанче со полуролка на кое му додадовме стилски капут во малку посветла, но сепак слична нијанса.

Овие две парчиња совршено се надополнуваат едно со друго, а целата комбинација ќе ја истакнеме со високи чизми на потпетица во темно кафена нијанса.

Во чест на пролетта што едвај ја чекаме, во косата ставете две слатки шнолички како единствениот моден додаток што ви е потребен во оваа комбинација.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Стајлинг: Fashionel.mk

Фустан, капут, чизми: Mango

Шноли: Parfois

Модел: Миа Бошева

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
7 февруари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
721 пати