Тренд аларм: Лежерен петок!

24 април 2015

Наша денешна препорака за вашиот вечерен стајлинг е оваа едноставна, но елегантна комбинација од Манго.

Носиме широки фармерки со скинати делови, црвена блуза која внесува живост во целата комбинација, а за борба со променливото време, за секој случај понесете палто или џемпер.

Големата торба од Parfois ја надополнува оваа урбана комбинација, а е доволно практична за да собере повеќе работи.

Слатките чевлички од Parfois во кафена нијанса, совршено ќе се вклопат во вашиот вечерен, супер шик изглед.

Објавено:
24 април 2015
Категорија: 
Тренд