Тренд аларм: Лежерна понеделничка комбинација

9 март 2015

11051169_10206541648005370_687353049_n

За сите вас што сакате да бидете тренди, но сепак да се чувствувате лежерно и удобно во облеката што ја носите, ова е вистинската комбинација. Џинс комбинезонот е едно од најактуелните парчиња, па токму и ние се решивме еден таков од Springfield да биде центарот на нашата комбинација. Карирана кошула во темни нијанси, од истиот бренд е совршен спој, бидејќи внесува динамика во севкупниот изглед.

За да не потонете во темните бои, одлучивме обувките од Batta, популарните оксфордки и платненото палто со интересен дезен од Манго да бидат во боја на слонова коска и да ја освежат целата комбинација.

Лежерно, тренди, безвременско. Ви посакуваме убав почеток на претстојната недела.

 

Објавено:
9 март 2015
Категорија: 
Тренд