Октомври започнете го со шик комбинација од шпанскиот бренд Манго.
Новата сезона во продавниците на оваа модна куќа е колоритна, обоена во интензивни бои што сите обожуваме да ги носиме, а таква е и нашата предлог комбинација.
Ако ви е во план да го подновите вашиот есенски плакар, тогаш започнете со стилска мото јакна во неодолива розова боја.
Ние ја комбиниравме со романтичен фустан со флорален дезен, што може да го носите во различни изданија и прилики, благодарение на неговиот универзален карактер. Нема да погрешите ако го носите и во секојдневна прилика, на вашето работно место или пак за некоја посебна пригода.
Оваа урбана комбинација ја заокруживме со чевли во сребрена боја, која исто така важи за една од најактуелните бои за оваа есен.
Комбинација: Манго