Тренд аларм: Шик кошулка со впечатлива панделка

4 ноември 2016

На последниот ден од работната недела ви предлагаме еден навидум едноставен, но многу впечатлив стајлинг што можете да го искористите за повеќе прилики.

Она што секоја девојка треба да го има во плакарот за оваа студена сезона е нежна кошулка со интересен принт која понекогаш можете да ја украсите со впечатлива панделка.

Ние го направивме токму тоа, овој пат, со малку посвечена панделка од светкав материјал со што добивме навистина впечатлив изглед.

Кошулката комбинирајте ја со тесни фармерки во сива боја и чевли на потпетица со реси во предниот дел.

Со овој стајлинг ќе бидете впечатлива каде и да се појавите, без разлика дали планирате да го носите на работа, на некој состанок или пак ручек во петок со пријателките.

Комбинација: Fashion Group

Кошула, фармерки: Mango

Чевли: Bata

Модел: Марго Бојаџиевa, Моделс Ин

Шминка: Елена Андовска

Објавено:
4 ноември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.814 пати