Понекогаш, сè што ни треба е некој стилски топ за да нѝ ја украси комбинацијата составена од џинс и чизми, а ние денеска ви претставуваме еден таков.
Станува збор за плетен топ во црна нијанса проткаен со светкав конец, а истиот совршено ги надополнува светлите фармерки со висок струк.
Комбинацијата е како создадена за лежерните излегувања или пак забавите на кои сакате да блеснете, а сепак да се чувствувате удобно.
Во оваа преодна сезона, комбинацијата можете да ја надополните со оваа ретро, а истовремено безвременска тексас јакна обложена со крзно како една од омилените секоја сезона.
Џинсот и топ блузичката одлично се надополнуваат меѓусебе, но ако им ги додадете и овие кожени чизмички на висока потпетица, тогаш имате полн погодок.
Фармерките и јакната се нешто безвременско во кое вреди да инвестирате било која сезона, а топ блузичката нешто што едноставно мора да го имате во плакарот.
Комбинација: Fashion Group Macedonia
Стајлинг: Fashionel.mk
Џинс, јакна: Levi’s
Топ, чизми: Mango
Фризура и шминка: Елена Лука
Модел: Веда Евтимова
Модна агенција: Моделс Ин