Знаете дека оваа сезона сме вљубени во женските костими кои се едни од најкул парчињата совршени за секоја пригода.
Девојките ги обожуваат, а одлично прилегаат на секоја фигура и секое парче со кое ќе ги комбинирате.
Можете да ги носите на разни пригоди, за летна свеченост, разни забави, а одлични се и за на работа во комплет, но и како посебни парчиња.
Палтото комбинирајте го со едноставна маичка и фармерки, а панталоните со омилената кошула или маичка на куси ракави.
Изгледот ние го дополнивме со високи потпетици во розова нијанса, а костимот би бил одличен и со едноставни бели патики или рамни балетанки.
Палтото, панталоните и потпетиците можете да го најдете во продавниците на Манго.
Комбинација: Fashion group
Стајлинг: Fashionel
Модел: Нина Михајловиќ
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка и фризура: Елена Лука