Тренд аларм: Бел костим за стилско лето

6 јуни 2018

Ако и вие како нас сезонава обожавате женски костими, тогаш овој мора да го имате во плакарот. Предноста е што парчињата можете да ги носите и поединечно, а совршено стојат и заедно со бројни комбинации што можете да ги правите.

Овојпат, ние ви предлагаме да го комбинирате со лежерна кафена маичка одоздола и кул чевли во слична нијанса со црна трака во предниот дел која одлично соодветствува со копчето на палтото.

Палтото е особено поради должината, а панталоните поради високиот струк и нежноста со која паѓаат и се чувствувате супер во нив.

Можете да го носите за разни прилики, а воопшто не двоумете се и да го комбинирате за на работа со некои високи потпетици и кошула совршена за деловни состаноци.

Целата комбинација можете да ја најдете во продавниците на Манго, а доколку сè уште немате еден ваков костим во вашата колекција, време е да побрзате.

 

Објавено:
6 јуни 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
504 пати