Тренд: „цел“ плакар на себе

21 ноември 2014

Прво, овој тренд ви гарантира дека нема да мрзнете и ќе останете стоплени, второ ќе изгледате урбано и стилски, а како трето, треба да знаете правилно да го износите. Слоевитото облекување го обожаваат многумина модно освестени индивидуи што не се плашат да го облечат „цел“ плакар на себе.

Слоевитите стајлинзи не подразбираат да натрупате многу парчиња што не создаваат целина, туку да ги изберете оние вистински компактните.  Затоа, важно е да ги избегнете грешките за да не добиете погрешниот ефект. Во врска со слоевитото облекување, дизајнерката Вера Ванг вели дека истото има одредена ноншалантност и тоа е вистина. Како да го добиете тој изглед?

Слоевитоста секогаш е акцентирана во горниот дел, а нејзе ја сочинуваат: тенки блузи, маици, кошули, сакоа, џемпери, мантили, капути, понча и шалови. Стилистите советуваат најтенките парчиња да бидат најблизу до вашата кожа, додека подебелите,  врз нив или на видело.

За слоевитоста да биде во прв план, долниот дел спојте го со тесни „цигара“ фармерки или хеланки.

Тајната е во комбинирањето на боите, текстурата и должината од кројот. Капутите и шаловите го имаат главниот збор, затоа нив посветете им најмногу внимание од изборот.

Погледнете ги фотографиите што ги селектиравме и инспирирајте се за еден поинаков изглед.

Објавено:
21 ноември 2014
Категорија: 
Тренд