Тренд: Панделка

15 септември 2013

Романтична, секогаш актуелна и мост што ги поврзува машкиот и женскиот моден свет. Улогата на панделката не се сведува само како шнола или марама кои треба да ја соберат косата, туку таа претставува гламурозен детаљ кој ги разубавува модните парчиња облека и додатоци. Додаток на свечени тоалети, но и моден аксесоар за мажи. Спаѓа во групата на класични модни додатоци, а дизајнерите мошне често ја вметнуваат како маркантен детаљ во своите колекции кога сакаат да му дадат акцент на некое модно парче, како што е случајот со црната клач-чанта на Кристијан Лубутан или поштарскиот модел на чанта на Вивиен Вествуд.

Кристијан Лубутан

 

Претставена во софистициран стил на алката во колекцијата на Миу Миу, чија инспирација им беа 50-60-тите години во Америка кога популарен беше бон-тон стилот.

 

Миу Миу

Токму панделката е избрана за моден детаљ кој го брише јазот помеѓу мажите и жените во модата. Москино и DSquared2 инспирирани од данди стилот во времето на Оскар Вајлд во своите женски колекции го актуализираа андрогениот стил и понудија вртатовски кои се со двојни панделки и се поголеми од вообичаените. И Каролина Херера се приклучи на  нивната идеја, но понуди малку поженствено издание на костум и панделки кои наликуваат на оние кои беа популарни во осумнаесеттиот век и се прикачени на самата јака од женската кошула.

Москино

Но има такви кои знаат да го „утнат“ комбинирањето на панделката, како што беше случајот на Виктор и Ролф, чија јакна изгледаше како облека на кловн. Како и да е панделката важи за култен моден аксесоар и е совршен моден детаљ кој ќе ви помогне да го финализирате вашиот изглед.

 

Објавено:
15 септември 2013
Категорија: 
Тренд