Лубутан ги презентираше новите чевли - совршен подарок за празниците

18 ноември 2019

Речиси три децении Лубутан точно знае да го погоди вкусот на жените кога се обувки во прашање. Така е и со најновиот модел кој го претстави неодамна. 

Се работи за соработка со онлајн сајтот за шопинг „MyTheresa“, а колекцијата содржи осум модели идеални за претстојната празнична сезона.

Ако судиме по споделувањата на социјалните мрежи, два модела се убедлив хит - се работи за салонки со вртоглаво висока потпетица, со препознатливиот црвен ѓон за Лубутан и со панделки во задниот дел точно над петата.

Јасни линии, едноставни, а сепак многу дамски, женствени и секси. Достапни се во црвена и црна боја, а со панделката дефинитивно асоцираат на совршен подарок, за кој некој или тие самите би требало да издвојат од 795 до 1495 евра.

 

A погледнете ги и останатите модели:

Објавено:
18 ноември 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.762 пати