Сите раце ракоплескаат за новата колекција чевли на Лубутан

22 октомври 2014

Овој пат Кристијан Лубутан го искористи принтот со раце како заштитен знак на новата колекција „Tissu Beauty“ која е составена од пет модели, од кои три се на висока потпетица, еден модел балетанки и еспадрили. Покрај тоа што е препознатлив по креирањето на чевли, Лубутан реши да инвестира и во насока на козметичките производи, па неодамна лансираше лак за нокти, од кои особено внимание привлекоа оние со јака црвена и црна боја.

Целта беше ноктите да асоцираат на препознатливиот црно - црвен модел, па и ноктите беа замислени да бидат црно налакирани на горниот дел, со црвена боја под ноктите. Иако на изглед амбалажата не открива детали, сепак самата форма на четката ја потврдува токму идејата за следење на силуетата на чевлите. Колекцијата е веќе достапна на официјалната страна на Кристијан Лубутан.

Објавено:
22 октомври 2014
Категорија: 
Модни додатоци