Тренд: Пролетната мода инспирирана од тенисот

22 февруари 2021

Верувале или не, тениските терени отсекогаш биле неисцрпна инспирација за модните дизајнери, па тоа не е исклучок и оваа сезона. Од плисирани здолништа до визири, ова се пролетните трендови за 2021 инспирирани од тенисот

ПЛИСИРАНИ ЗДОЛНИШТА

Високо застапен тренд за 2021 се плисираните здолништа. На модните писти, за нив се одлучија Off White, Lacoste и Chanel. Плисираните здолништа во тенисот се појавуваат по војната, од страна на тенисерката Сузан Ленглен, моја барала поголема слобода при движење. Нејзиниот избор е плисирано здолниште со должина до средината на листовите и бели чорапи над колена.

Сузан Ленглен

ПОЛО ЈАКИ

Поло јаките не се ништо ново, па Прада, Миу Миу,Давид Кома и Марина Москон ги имплементираа во своите пролетни колекции на блузи со долги и кратки ракави и плетени фустани. Што се однесува до појавата на овие јаки, за нив е заслужен тенисерот Рене Лакоста ,кој сметал дека дотогашната спортска опрема која се состоела од кошула на долги ракави и карирани панталони, треба да се измени.

Ги скратил ракавите на класичната кошула за тенис и го навезал крокодилот (кој бил и негов прекар), па така ја добил поло јаката. Неколку години подоцна, потпишал договор со Андре Гилер и го создал брендот кој денес ни е познат како Lacoste.

 

КАРДИГАНИ И ЕЛЕЦИ

Овие парчиња облека отсекогаш му припаѓале на на светот на тенисот. Кардиганот е главното парче од тенисерската униформа од 1945 година. Плетката е карактеристична и за пролетва, па Laciste, Miu Miu и Munthe се одлучија да ги вметнат токму елеците и кардиганите во своите колекции.

БОЈАТА НА ТЕНИСКОТО ТОПЧЕ

Неонска зелена, нијанса на зелен лимон или во суштина бојата на тениското топче е актуелна последниве неколку сезони. Од Balmain до Brendon Maxwell, трикот е да се одлу,ите за целосно монохроматска комбинација, од глава до пети.

Постои анегдота во врска со зелената бија на тениското топче, кое во минатото било црно или бело. Со појавата на телевизорот, за гледачите било многу тешко да го забележат на екраните. Интернационалната тениска федерација тогаш се ослучила за оваа нијанса на зелено-жолто топче.

ВИЗИРИ

Визирот е еден од заштитните знаци на тенисерката Хелен Вилс која играла во 20-те, 30-те години на минатиот век. Денес, визирот го имплементираа многу модни брендови како Версаче, Дејвид Кома и Фенди.

Објавено:
22 февруари 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
355 пати
Тагови: 
тенис тренд