Тренд за мажи: дали сте доволно храбри да носите лента за коса?

21 октомври 2013

На сите веќе ни е добро познато дека посилниот пол без проблем знае да ги носи лентите и венчињата за коса, но само кога спортуваат. Многу ретки се оние мажи што во својот имиџ умеат и сакаат да ја вметнат лентата за коса и да ја комбинираат со друга облека освен спортската. Дизајнерите на модните недели веќе ја искористија како аксесоар на своите модели, па така не се чудете ако на излозите на продавниците видете венчиња и ленти за мажи, во нови стилизирани форми. Славните актери веќе многу одамна го пробаа овој тренд, а актерот Колин Фарел едноставно ги обожава и за нив вели:

-Ги сакам машките ленти за коса и би им препорачал на мажите да ги ставаат  веднаш по излегување од туш. Така косата полесно се обликува, а ваше останува само да нанесете гел или пена и спремни сте, вели Фарел.

Ако мислите дека лентите добро би се вклопиле во вашиот имиџ, а имате и доволно храброст, пробајте!

Објавено:
21 октомври 2013
Категорија: 
Тренд