Многу често се вели дека крупните дами не можат да носат тесни парчиња, особено од материјали што можат да ги истакнат недостатоците. И кожата знае да биде таков материјал, но со следните примери ќе покажаме дека тоа не мора да биде така.
Кожата во комбинација со волна кај капути или јакни е супер избор дури и за оние со некој килограм повеќе. Кожени фустанчиња со правилно избран крој, како и хеланки со долг плетен џемпер можат да бидат одлични комбинации за некоја забава или кафе со пријателките.
Погледнете ги предлозите, инспирирајте се и не се стегајте да бидете тренди! Се е модерно, ако го прилагодите на вашето тело, без разлика на килограмите.
Ако се одлучите за тесни панталони или хеланки, тогаш задолжително носете наметка, долг џемпер, туника во комбинација со јакна и слично, за да ги сокриете недостатоците, а да ги истакнете предностите.
Фустан од парчиња, со друга боја од страните, ќе ве направи визуелно послаби, а е одличен избор за повеќе пригоди.
Јакна со кожени ракави и кожени широки панталони е нешто што апсолутно можете да си го дозволите. Ако пак ви е премногу, можете парчињата одделно да ги комбинирате со други, изработени од поинаков материјал.
Широко здолниште до или под колена е парчњ што можете да комбинирате на многу начини. Со палта, кошули, џемпери, ова парче ќе изгледа одлично на вас, и во различни пригоди.
Ако сакате на суптилен начин да ја употребите кожата или пак, материјалите што наликуваат на кожа, можете да се одлучите за блуза како на сликата, што ќе ја комбинирате со фармерки или здолниште.
Кожено здолниште во прав крој е иделано и за излегувања, но и за деловни комбинации.
Спортско палто, односно мантил, со кожени ракави. Вистински хит за оваа сезона.
Куса кожена јакна, класично парче, кое никогаш не излегува од мода. Дали ќе ја комбинирате со панталони, здолништа, фустани, изборот е ваш.
Уште една верзија на кожено здолниште, овој пат со патенти, што ќе и' даде рок нота на вашата комбинација.
Широки панталони на ластик, се идеални за спортски комбинации, како и за викенд прошетки и кежуал стајлинг.