Уличниот шарм за време на Париската модна недела

13 јули 2023

Неделата на висока мода во Париз ни приреди врвно модно шоу и овојпат.

Секој дизајнер на свој начин раскажа модна приказна. Уште еднаш посведочивме на големиот талент на Скијапарели, Диор, Џамбатиста Вали, Шанел, Армани, Баленсијага, Валентино, Жан Пол Готје...

Но, и уличните изданија не беа воопшто за потценување. Впрочем Париз секогаш ја дише модата, со првиот утрински зрак па сè до ведрото ѕвездено небо.

Фустани во секаков дизајн, џинс, бели кошули, тренди одела, кроп топ беа само дел од парчињата што им дадоа шмек на улиците во метрополата.

Да се прошетаме на кратко...

Фото: harpersbazaar.rs

Објавено:
13 јули 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
685 пати