Џамбатиста Вали со своја продавница за модни додатоци

4 јули 2013

По одличното претставување на  Неделата за висока мода во Париз на својата нова есен-зима 2013/14 колекција Џамбатиста Вали, го објави и отворањето на својата прва продавница за модни додатоци.

 

 

Вали е мајстор на својот занает кога се модните додатоци во прашање. Синоним за еден затскриен и интимен простор  каде се создава луксузот на „ситниците“. Како негово ремек дело во креирањето на колекцијата модни аксесори се чантите, но за свое место се изборија и моделите на чевли, вклучувајќи ги и гумените мокасини, кои имаат фантастично име „pretty-ugly или прилично грди“.

Бутикот ќе биде лоциран, наспроти салонот за облека на Вали во Париз, во Galerie de la Madeleine и  на тој начин клиентите ќе го имаат целиот луксуз на Вали на едно место .

 

Објавено:
4 јули 2013
Категорија: 
Актуел