Вашиот водич за минималистичка, тренди пролет!

18 февруари 2014

Ако сте вљубеничка во минималистичкиот стил, тогаш ова е вистинскиот текст за вас! За оваа пролет, некои од модните куќи претставија навистина одлични колекции во кои преовладуваа единствено едноставните парчиња.

collage

Истите можевме да ги видиме и во неколку колекции од модните недели што се зад нас, но и во кампањите на комерцијалните брендови.

Доколку сте девојка што не е љубител на слоевитото облекување и безбројните детали, тогаш задолжително погледнете ги парчињата во нашата галерија и смислете си уште веднаш по некоја комбинација.

Во галеријата ќе видите нежни и шармантни куси фустанчиња, супер волуменозни палта за студените денови на почетокот на пролетта, но и лелеави фустани за романтични прилики.

Сите парчиња од нашиот минималистички пролетен водич се ултра деликатни и сами по себе грациозни, така што нема да ви треба ништо дополнително за да го изразите вашиот сексапил.

Уживајте во пролетта со едно, но внимателно одбрано парче!

Објавено:
18 февруари 2014
Категорија: 
Тренд