Вечната елеганција на кошулата на пруги – од униформа на француската морнарица до модерен деловен изглед

30 август 2022

Дали сте знаеле дека кошулата и маичката на пруги прв пат официјално биле воведени како дел од униформата на морнарите во француската морнарица во 1858 година?

Овој интересен податок се однесува на конкретен, изворен дизајн со точно 21 пруга кои ги означувале победите на Наполеон Бонапарта, но имал и практична функција: благодарение на впечатливиот принт во пруги, полесно било да се забележат залутаните морнари во море.

Дизајн на Коко Шанел

Но, комерцијалниот успех кошулите и маичките на пруги, го постигнуваат благодарение на револуционерниот ум на Коко Шанел. Инспирирана од морнарската униформа, во 1917 година ја создава колекцијата со која на модниот свет ќе му презентира уште едно базично парче кое ќе стане неоткинлив дел од модната историја и есенцијално во сечиј плакар.

После Коко Шанел, кошулата во пруги патува низ годините, сезоните и модните писти, трансформирајќи го кројот и стилот, но задржувајќи ја основната естетика по која останува препознатлива.

Во современите тенденции, кошулата на пруги веројатно е едно од најпосакуваните парчиња благодарение на универзалниот карактер и бесмртната елеганција.

Добива толку многу различни верзии, што флексибилно може да се прилагоди од еден во друг изглед, и може да ја носите од канцеларија на забава, од елегантни и женствени аутфити до спортски и лежерни.

Од класични модели до оние предимензионираните и кошулите на преклоп, во изборот на есенски комбинации што ги селектиравме, ќе видите атрактивни модели и како истите да ги вклопите во вашиот стил оваа есен.

 

 

Објавено:
30 август 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.102 пати