Вистинско освежување за ова лето: Одберете парчиња со ананас принт!

3 мај 2014

Доколку секое лето си наоѓавте по некоја капка свежина и инспирација во парчињата со овошни принтови, годинешниот тренд е посвеж од кога и да е!

Шармантните парчиња со ананас како апликација и накитот или пак чантите во форма на ананас се вистински хит и задолжително парче за оваа сезона.

Без разлика на тоа дали сте вљубенички во лесните панталони во текот на долгото, топло лето или пак на едноставните и лежерни маички и здолништа, погрижете се што и да одберете, да има по некое парче ананас на него.

Омилени кај трендсетерките кои што веќе почнаа да го практикуваат овој тренд на голема врата, се и костимите за капење за кои мора да ви посочиме дека е вистинското време да се „фрлите“ во потрага.

Ако ви се допадна овој тренд, не двоумете се истиот да го искористите и за некоја свечена прилика во некоја посуптилна варијанта како на пример комбинезони со ананас принт со кои дефинитивно нема да останете незабележана на свеченоста.

Во продолжение ви издвоивме неколку „ананас“ парчиња директно од Pineapple express за кои веруваме дека веднаш ќе ве однесат до најблиската продавница.

Оваа сезона опседнати со ананас принтот се Кензо, Зара, Питер Сом, Forever 21, Викторија Сикрет, Шарлот Олимпија, а по се изгледа и ние!

Објавено:
3 мај 2014
Категорија: 
Тренд