Време е за есенска комбинација на здолниште и патики
•
23 август 2023
Здолништата ги сакаме, а и патиките исто така. Првите поради слободата и елеганцијата што ја носат, вторите за комфорот и сигурниот чекор каде и да одиме.
И кога ќе посакаме да ги споиме заедно добиваме одлична комбинација којашто го има сето она што ни треба за совршен стајлинг.
Без разлика на годишното време здолниште и патики можеме да носиме секогаш кога приликата дозволува.
Сепак есенскиот период е можеби најдобар да се искомбинираат овие две парчиња.
Најчесто тоа се широки здолништа во макси или миди варијанта, но може да направиме спојка и со поинаков модел доколку правилно изиграме.
Затоа ви подготвивме мал фото водич коишто ќе ви даде неколку идеи за есенски стајлинг со патики и здолниште.
Фото: Pinterest