Време е за патики!

26 мај 2016

Ако сте од оние што преферираат удобност пред трендови, тогаш несомнено патиките ви се едни од омилените обувки. 

Но, не треба да се заборави дека трендови постојат и кога се патиките во прашање, а особено сакаме да потенцираме на тоа дека ако носите патики, не значи дека не сте тренди.

Токму затоа, во галеријата подолу, ќе имате можност да видите дел од трендовските комбинации со патики. Освен на тренерка, тие се одличен избор и за со некое цветно фустанче, или пак здолниште со кошула или маица.

Патиките можете да ги вклучите и во комбинација со црн фустан, како и со комплетно шарени парчиња облека. Килотите и оваа сезона се едни од најактуелните парчиња, но не морате да ги носите само со сандали - слободно извадете ги патиките.

Во зависност од вашиот личен стил и моден сензибилитет, најдете ја идеалната комбинација. Веруваме дека фотографиите ќе ве инспирираат и ќе бидат доволен доказ дека удобноста и модните трендови одат рака под рака.

Објавено:
26 мај 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.133 пати