За романтичните девојки – кошули со карнери
•
7 март 2016
Карнерите се највпечатливиот детаљ имплементиран во трендовите за оваа сезона.
Независно дали се работи за висока, улична или ready-to-wear мода, карнерите се присутни во актуелните пролетни линии на речиси сите брендови.
Романтичните девојки ќе бидат особено задоволни од огромната понуда на бохо фустани или пролетни кошули со впечатливи карнери што може да ги комбинираат во различни стилски аутфити: од деловни до коктел комбинации.
Во продолжение ве инспирираме со неколку различни варијанти на кошули со карнери.