Задолжително за оваа есен - здолниште на преклоп

12 септември 2014

Здолништата на преклоп веќе некое време се омилено модно парче на дамите, пред сè поради нивната функционалност. Може да се носат секој ден, идеални се за комбинирање, а зрачат и со доза на сексапил.

Оваа есен, здолништата на преклоп „напаѓаат“ со толку многу комбинации што дури не можат ниту да се набројат. Од кожни и бунтовни, до плисирани и романтични модели, со уметнички и моќни принтови, со различни должини од мини па се до миди, но и дизајни со средна должина. Изборот е навистина голем, а факт е дека оваа студена сезона буквално ќе го брануваат модното секојдневие на дамите.

Јоши Јамамото Јоши Јамамото

Како модно парче се обожавани и се издвојуваат со нивната флексибилност. Одлично се комбинираат со предимензионирани џемпери , кошули, блузи, маички. Ова е едно од ретките парчиња облека кое грациозно ја отсликува спортската елеганција кај секоја жена. Можете да ги комбинирате и со високи потпетици за  софистициран изглед, патики за лежерност, оксфорд чевли за урбан стајлинг, или пак, чизми за студени денови. Здолништата на преклоп можете да ги носите како со кожени јакни, така и со сакоа, тексас палта или пак капути, тие нема да ја ограничат вашата модна фантазија, можат само да ве инспирираат. Здолништа на преклоп вклопени во сечиј стил!

Објавено:
12 септември 2014
Категорија: 
Тренд