Женствени деловни комбинации за преодната сезона

12 март 2019

Меѓу зима и пролет, кога времето е сè уште променливо, често сме во дилема што да облечеме особено кога е во прашање деловната облека.

Затоа оваа преодна сезона, секогаш е корисно да се имаат во предвид слоевитите комбинации, кај кој задолжително е присутна полесна јакна, мантил или блејзер – за во секој момент да може да бираме меѓу опцијата дали да го носиме облечено или не.

Затоа, меѓусезонскиот период особено актуелни во деловниот изглед се дводелните костуми што најчесто ги комбинираме со кошула, маичка или блуза изработена од лесен материјал.

Исто толку популарни се мантилте, кај кои и оваа година може да бираме меѓу богатиот избор на бои и принтови.

Макси и миди фустаните на долги ракави, комбинирани со чизмички до глужд или чевли на ниска потпетица, исто така се меѓу фаворитите овој период од годината.

Од модните додатоци пак, лесните шалови и марами, секогаш се атрактивен избор со кој може да ја надополниме секоја деловна комбинација.

Неколку идеи плус во галеријата во продолжение...

 

Објавено:
12 март 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.204 пати