10 супер чудни селебрити диети

22 мај 2013

Бидејќи не е препорачливо и пред се нормално за кратко време да се изгубат поголем број килограми, ние решивме да направиме листа на диети кои ги практикуваат познатите личности.

1. Да се биде ангел на Викторија Сикрет не е лесна работа. Тоа најдобро се докажува со строгата диета на Адријана Лима, која девет дена пред ревијата пие само течности и 12 часа пред настанот престанува да пие вода за да ја намали телесната тежина.

2. Мадона е многу поригорозна, па се обидува да јаде што е можно помалку, односно пејачката е „само” на воздух.

3. Џенифер Анистон го прескокнува доручекот и го заменува со свежо исцеден сок од лимон.

4. Бијонси за улогата во филмот „Девојки од соништата”,  морала да ја примени Master Cleanse Diet, па 14 дена била само на вода и јаворов сируп.

5. Кога на Снуки не и се допаднало тоа што го видела во огледалото решила да ја примени Dr. Siegal’s Diet, според која смее да јаде само еден оброк во денот и шест колачиња со цел да го задоволи апетитот.

6. Рис Витерспун е позната како обожавател на бебешката храна, па така за доручек и ручек јадела бебешка храна, а за вечера јадела нормален оброк.

7. Меган Фокс смета дека единствен начин за да ја доведе до совршенство својата линија е да пие вода и јаболков оцет пред секој оброк.

8. Никол Кидман за снимањето на филмот „Ладна планина” била на диета според која смеела да јаде едно јајце за доручек и три за вечера. Имала право на уште три јајца доколку била многу гладна.

9. Кога Кејти Холмс реши да ги намали килограмите, тоа го спроведе со тоа што за доручек јадела супа од моркови, а за ручек и вечера брокули.

10. Ешли Грин ја намали телесната тежина за време на снимањето на продолжението на „Самрак” и тоа не благодарение на некоја диета, туку поради фактот што снимала по 12 часа на ден.

Објавено:
22 мај 2013
Категорија: 
Убавина