Џесика Алба за магазинот „The Edit“ признала дека имала проблем да си ја поврати формата по породувањето со ќерката и дека три месеци постојано носела дупли корсет кој и помогнал да го намали обемот околу струкот.
Гвинет Палтроу пред почетокот на промоциите за филмот„ Iron man 2“ вежбаше со личниот тренер Трејси Андерсон и држеше строга диета која се состоеше од свеж сок од кељ за доручек, за ручек Mountain Valley wrap со ниско ниво на јаглехидрати, а за вечера супа од кељ.
Џенифер Анистон има ист тренер како нејзината колешка Гвинет, но за неа Трејси ја препорачала „бебешката диета“ која се состои од јадење на бебешка храна и чоколаден пудинг која го спремала лично таа.
Падна Лакшми признала дека ја зголемила телесната тежина по снимањето на кулинарските емисии, па токму поради тоа решила да превземе нешто околу бебешкото сало. Таа секое утро станувала во 6 часот, го доела детето, трчала нагоре надоле 70 пати по скали, потоа одела во теретана каде по саат време вежбање се враќала дома пеш.
По добивањето на улогата во филмот „Les Misérables“ Ен Хетавеј морала да ослабне неколку килограми поради тоа што морала да глуми проститутка. Нејзината диета се состоела од два оброка дневно составени од сушен овес.
Кристина Агилера изгледа подобро од кога и да било претходно и тоа благодарение на диетата во бои. Оваа диета се состои од тоа што секој ден јадела храна во една боја, на пример карфиол и бел грав.
Елизабет Харли открила дека секогаш кога ќе посака да ја намали телесната тежина јаде само по 6 лажици супа од кељ.
Реалити ѕвездата Снуки држи колач диета која се состои од јадење на шест колачи дневно кои не содржат повеќе од 60 калории и еден лесен оброк
Детоксикацијата е позната метода за слабеење, но сепак Бијонсе тоа го прави на малку поинаков начин. За улогата во филмот „Dreamgirls“ пејачката морала да ослабне, па поради тоа секој ден правела од 6 до 12 дози напиток кој бил мешавина од вода, свежо исцеден лимон, јаболков оцет и бибер и пиела билни чаеви.
Познатата комичарка Моник по наглото здебелување реши да превземе драстични мерки и тоа со агресивно вежбање кое се состоело од боксирање, играње фудбал и џогирање.