3 совети како исончаниот тен да ви трае подолго

18 август 2020

Ако сте од оние кои сепак успеаја да фатат малку „боичка“ летово, можеби овој текст ќе ви биде интересен.

Исончаниот тен прави некои парчиња облека подобро да изгледаат на нас, а и повеќето жени се чувствуваат поубаво со малку потемна нијанса на природниот тен, кој како да е решението кое ги покрива недостатоците.

Што и да е вашата причина поради која се чувствувате поубаво со исончан тен, еве три совети како да го задржите подолго:

Комплетна хидратација на телото

Стручните лица истакнуваат дека хидратацијата на телото е клучниот фактор во зачувувањето на исончаниот тен. Затоа, пијте доволно вода и никако не заборавајте ги кремите за хидратација на лице и тело.

Пилингот сега не е добар пријател

Иако пилингот често се нагласува како вистински сојузник за убава и мазна кожа, ако сакате да го задржите исочаниот тен подолго, ќе треба малку да паузирате со пилингот. Исто така, крпите од фротир би било убаво да ги замените со мазни, а после туширањето, немојте да ја триете кожата, туку нежно поминете со крпата или со тапкање.

Хранете се со намирници богати со бета каротен

И правилната исхрана ќе ви помогне доста во желбата да имате што подолго исончан тен. Што да имате почесто на менито? Кајсии, сладок компир, домати, спанаќ, манго и морков се магичните намирници.

 

Објавено:
18 август 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
619 пати
Тагови: 
исончан тен