Како подолго да го задржите потемнетиот тен?

29 јули 2021

Повеќето жени го сакаат потемнетиот тен што го имаме после летниот одмор, па сакаат што подолго да го задржат.

Ако спаѓате во таа група, во продолжение прочитајте неколку корисни совети:

Без врела вода

Капењето со врела вода ја суши кожата, што води до нејзино брзо лупење. Умерената топлина на водата и гелот за туширање на база на масло се вашите сојузници.

Хранете ја кожата

Еден од најдобрите начини да го задржите исончаниот тен е редовното хидрирање на кожата со богати лосиони. Млекото за тело со мирис на кокос ќе ве потсети на лето и море, а што е поважно ќе ја нахрани кожата на која по изложувањето на сонце ѝ е неопходна хидратација.

Креми за самопотемнување и бронзер

Исончаното лице е првата работа што се забележува кога ќе се вратиме од летен одмор и најмногу жалиме кога бојата почнува да избледува. Но, и за ова има решение - употребете малку крем за самопотемнување или бронзер и ќе го добиете посакуваниот ефект.

Бебешко масло

Неколку капки бебешко масло во спреј рамномерно нанесени на телото ќе ја истакнат бронзената боја.

Бета каротен

Истражувањата покажале дека храната со бета каротен помага вашето тело одвнатре да делува на тенот. Најдобри природни извори на овој минерал се кајсиите, мангото и морковите.

Пијте вода

Иако веќе не сте на температура од плус 30, тоа никако не значи дека треба да го смалите внесот на вода. Со хидрирањето одвнатре ќе им помогнете на животот на сите клетки, вклучувајќи ги и оние исончаните на површината на кожата.

Објавено:
29 јули 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.053 пати