Како да го сочувате потемнетиот тен?

2 август 2013

Речиси на сите тешко им паѓа враќањето од летен одмор. Не само што мораме назад на работа, туку и тешко ни паѓа што потемнетиот тен добиен на море полека се губи. Бојата на тенот добиена на море не прави убави и свежи, а како да го постигнете без многу мака и да го задржите подолго е прашање што ги мачи повеќе луѓе.

Низ подготовките за сончање треба да направите пилинг на целото тело и да го премачкате со хидратантен крем со заштитен фактор. Телото после сончање треба исто така да се премачка со крема за нега на кожата која е неопходна за витамини и еластичност. Применете го советот да не употребувате средства против акни и буквално можете да ги оставите дома.

Темниот тен најдобро ќе го задржите со храна која многу ќе ви помогне околу тоа. Затоа јадењето праски, црна чоколада, моркови, диња, домат, целер и спанаќ кои се полни со витамин Е ќе допринесат за подолго задржување на темната нијанса на тенот.

Објавено:
2 август 2013
Категорија: 
Убавина