6 причини зошто велосипедот треба да е вашето омилено превозно средство

13 февруари 2019

Велосипедот е фанстастично средство за превоз. Не создава метеж, бргу можете да стасате до посакуваната градска дестинација, практичен е, а притоа позитивно влијае на здравјето.

Ако ова не се доволни причини и се уште се двоумите околу тоа дали да почнете поинтензивно да го користите велосипедот, во продолжение прочитајте уште седум причини што сме сигурни дека ќе го сменат вашето мислење:

1.Ги троши калориите и помага во намалувањето на тежината

Едноставната формила за губење на килограмите е трошењето калории, кое мора да биде поголемо од внесот. Возењето велосипед ги гори калориите одлично - од 400 до 1.000 на час, зависи од интензитетот на возењето. Доколку се храните здраво, спиете доволно и на сето тоа и возите велосипед редовно, килограмите едноставно ќе исчезнат.

2.Прави мускули

Не само што согорувате калории, со возењето велосипед правите мускули. Тоа не значи дека ќе имате плочки на стомакот, но ќе имате дефинирани мускули на нозете и позатегнат стомак. 

3.Го подобрува менталното здравје

Истражувањата покажале дека со физичката активност оди и чувството на успех. Велосипедизмот ги спојува физичката активност и уживањето на отворено. Кога возите, времето можете да го искористите за релаксација. Постои и податок кој вели дека луѓето кои со години пателе од депресија споделиле дека возењето велосипед на свеж воздух во природа им помогнало во борбата со нивната состојба.

4.Го намалува ризикот од срцеви болести

Универзитетот во Глазгов во 2013 година спроведе стуција на повеќе од 260 илјади луѓе, во текот на 5 години, која покажа дека патувањето на работа со велосипед го намалува ризикот од развој на срцеви болести или рак. Возењето велосипед помага и за одржување на здравјето на мозокот. СО оваа активност протокот на крв во мозок расте за 28 проценти.

5. Подобар сон

Кога ќе се измориме полесно и побрзо заспиваме, што и не е некоја нова информација, но вреди да се спомене, а возењето велосипед е супер начин да се изморите.

 

6. Го јакне имунитетот

Вежбањето многу придонесува за здравјето на горните дишни патишта, со што бројот на настинките кај оние што вежбаат е многу мал. Со аеробни вежби повеќе пати неделно, луѓето можат да го намалат бројот на „болните“ денови за 40 проценти. Исто така, вежбањето, а тука спаѓа и возењето велосипед го закајнува нашиот имунолошки систем, со произведувањето на есенцијални протеини и будењето на мрзливите бели крвни зрна.

Објавено:
13 февруари 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.613 пати