Осум навики за подобар живот за жени во 40-те години

9 декември 2016

Жените во своите 40-ти се чувствуваат непобедливо и понатаму. Тоа се прекрасни години несомнено.

Меѓутоа во овој период се јавуваат и некои суптилни промени кои најдобро е да ги препознаеме пред да биде предоцна. Овие се едни од највообичаените промени кои се јавуваат кога сте во овие години:

• Метаболизмот кој се успорува за 2 % секои 10 години.
• Мускулите губат и до 3 килограми мускулна маса во однос на 10 години порано.
• Коските, нивната густина опаѓа за околу 1% во однос на тоа кога сте имале 30 години.
• Либидото почнува да ви се намалува затоа што сте изложени на голем стрс и имате хормонални промени
• Стрес од најразлични причини: големата грижа околу децата, работа, вашите родители, здравје, кариера, грижа за финансии
• Депресијата ќе ви се појави порано или подоцна.
• Со примена на овие 8 едноставни навики ќе го сочувате своето здравје, енергија и ќе бидете исполнети во животот.


Навики за подобар квалитет за вашите 40-ти години:

1. Доручкувајте!

Нутриционистите се сложуваат дека доручекот е најважен оброк се со цел да ја постигнете или зачувате вашата посакувана тежина, затоа што доручекот ви го забрзува метаболизмот и согорувањето на калории. Едно истражување вели дека жените на оваа возраст кои имале обилен доручек 8 месеци ја намалиле својата вкупна тежина за 21%, а оние кои внесувале мали количини, но со поголема количина на јаглени хидрати ја намалиле својата тежина за едвај 4,5 %. Сите оние жени кои продолжиле со својот обилен доручек продолжиле да губат на својата тежина иако внесувале поголем број на калории, за разлика од оние кои доручкувале помал оброк, но со поголемо внесување јаглехидрати. Конкретен оброк на почетокот на денот ги стимулира процесите на метаболизмот, дава енергија и го намалува апетитот во текот на денот.

2. Разбудете го метаболизмот

Истражувањата покажале дека после 6 месеци тренинг, базниот метаболизам се зголемува за 7%, што овозможува согорување на повеќе калории па дури и кога седите на вашата софа. Тренингот ќе ви помогне да ги зајакнете коските, да ја одржувате вашата рамнотежа, да ги избегнете извесните повреди во годините кои следуваат. Обидете се да вежбате барем 2 до 3 пати неделно по 30 минути.

3. Зголемете го калциумот и витаминот Д

Калциумот и витаминот Д се есенцијални елементи за зајакнување на коските и стручните лица велат дека се дефицитарни овие два витамини. Потребно е да внесувате 1000 мг калциум дневно и 400 до 800 мг витамин Д. Јадете лосос! 

4. Вежбајте ја контролата на стресот.

Здравото и мирно срце чука посилно кога ќе вдишете посилно,а поспоро кога ќе издишувате.Но стресот го пореметува природниот ритам на срцето,предизвикува повисок притисок,ја намалува енергијата на мозокот,го слабее либидото и предизвикува брзо стареење.Вежбајте дишење секојдневно и тоа вдишете низ нос 10 секунди издишувајте низ уста 15 секунди полека.Повторувајте го ова секогаш кога имате можност за тоа ,оваа вежба го опушта срцето,мускулите ,дишните патишта.

5. Зголемете го внесувањето на протеини

6. Конзумирајте храна богата со аминокиселини два пати дневно,тежнејте кон тоа да внесувате барем 1000 мг протеини, така ќе ја намалите вашата депресија и пречките во паметењето. Јадете јајца,риба...

7. Бидете авантуристи со вашиот партнер

Пробајте нешто ново не само во во вашата спална соба. Имено кога се вљубувате центрите за допамин во мозокот работат интензивно, а иста работа се случува кога истражувате и применувате нови работи кои не сте ги имале претходно како ваше искуство. Запишете се на некои заеднички танци, изберете место за одмор каде не сте биле претходно.

8.Излезете со вашите пријателки

Опуштањето во друштво со вашите пријателки го намалува стресот, ви ја зголемува самодовербата и ве поттикнува да го сакате вашиот партнер кога се враќате. Ако пак немата партнер ќе си ја гушнете љубовно вашата перница. Не допуштајте кариерата и семејството да ви го одземе вашето драгоцено време. Жените во своите 40-ти години кои имаат исполнет социјален живот се посреќни .


Направете рутински прегледи:

-Очен доктор 2-4 години
-Крвен притисок секоја втора година
-Пап тест и колоноскопија секоја година
-Преглед на младежи секоја година
-Мамографија секоја година
-Шеќер во крвта секоја трета година

 

Објавено:
9 декември 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
4.954 пати