Што добивате ако дневно се движите 800 метри повеќе?

4 август 2020

Иако честопати е потценето, пешачењето е наједноставна физичка активност со која може многу да придонесете за сопственото здравје и за добрата состојба на телото и духот.
За успешно да ја контролирате телесната тежина, дневно би требало да пешачите околу 10.000 чекори.
Но, стручните лица тврдат дека и со 1000 чекори дневно, односно околу 800 метри секојдневно пешачење, може да направите и почувствувате разлика.

Доколку се придржувате на оваа практика, дел од бенефициите за кои вашето здравје и тело ќе ви бидат благодарни, се следниве:

-Го намалува ризикот од срцеви заболувања
И најмалата промена во однос на пасивниот начин на живот, го подобрува здравјето и го намалува ризикот од срцеви заболувања. Со редовно пешачење, се поттикнуваат мускулите посилно да пумпаат крв низ телото, со што срцето работи во понормален ритам.

-Се намалува ризикот од мозочен удар
Редовното пешачење директно го намалува ризикот од мозочен удар, а помага и во контролирањето на крвниот ток.

-Полесно и поздраво се слабее и се подобрува нивото на холестерол
Со пешачење од 800 метри секојдневно, можеби не се слабее брзо, но по одредено време ќе ги забележите резултатите. Првите резултат се видливи по 10 недели. Доколку имате високо ниво на холестерол, 1000 чекори дневно се доволно за таа состојба да се промени и да се нормализира.


-Помалку стрес
Кратка, брз прошетка е и еден од најубавите начини да се ослободите од стресовите што ви се наталожиле во текот на денот. Додека се движите, телото го произведува хормонот ендорфин кој што е одговорен за доброто расположение, а притоа се намалува нивото на кортизол, хормонот на стресот, поради кој се чувствувате лошо и кој што го зголемува ризикот за бројни ментални и фзички проблеми.

-Се зајакнуваат коските
Било која активност во која коските се под притисок на вашата телесна тежина, придонесува за нивното јакнење и го намалува ризикот од остеопороза.

 

Објавено:
4 август 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
470 пати