Да се напиете кафе наутро, најновите истражувања велат дека е здраво за поголемиот дел од луѓето. Кафето многу повеќе ќе ги отстрани штетите кои може да го загрозат вашето здравје отколку да ви наштети. Не изненадувајте се, три до четири кафиња дневно препорачува најновото научно истражување.
Велат дека од 15-17 проценти го намалува смртниот фактор. Дијабетесот, одредени видови на рак, заболувања на црниот дроб како и деменцијата, сето ова кафето придонесува да ви помогне и да ви ги намали овие ризик фактори. Оваа научна студија излезе во престижниот British Medical Journal, од каде тврдат дека е бенфит пиењето кафе. Но, секогаш има едно “но“, не важи за сите исто. Кај некои кафето предизвикува несоница, примерно трудните жени е препорачано да не пијат кафе. Не заборавајте, кафето придонесува и за зголемениот ризик кај кршливост на коските.
Оваа научна студија во себе има дополнителни 201 научни трудови и додаваат дека кафето има комплексен состав затоа што во себе има над 1.000 биоактивни компоненти, но со сигурност тврдат дека кафето го намалува ризикот од срцев удар дури и до 15 проценти.
фотографии :google images