Како јогата влијае на вашето тело?

9 мај 2014

Истражувањето на западот за оваа дисциплина се се' уште на самиот почеток, но сепак со пренесувањето на предностите од јогата од  Источната култура кон западот, голем број луѓе почнаа да ја практикуваат за постигнување на мир, спокој и благосостојба. Доколку се' уште не сте сигурни кои се предностите од нејзиното вежбање, ќе ви посочиме неколку:

Едночасовно вежбање допринесува во подобрување на мозочните функции –Тахниката на дишење и положбата на телото влијае во подобрување на когнитивните функции, фокусот и меморијата.

Намалување на стресот – Со вежбањето на јога се намалува дејствувањето на протеинот, кој влијае во поттикнување на стресот.

Зголемена флексибилност - Неодамнешната студија која беше спроведена во Универзитетот во Колорадо докажа дека вежбите од Бикрам јогата допринесува до поголема флексибилност на рамената, долниот дел на грбот и колената.

Го зголемува капацитетот на белите дробови – По 15 недели вежбање на Hatha јогата се зголемува капацитетот на белите дробови.

Ја намалува хроничната болка во вратот – Германското истражување кое било објавено во магазинот The Journal od pain потврдува дека по четири недели интензивно вежбање се намалуваат болките во вратот.

Намалена анксиозност – Истражувањето кое било во 2010 година спроведено од Универзитетот во Бостон докажува дека вежбањето јога влијае во намалување на теговите, депресијата и анксиозноста.

Помага во борбата против дијабетисот – Секојдневното вежбање допринесува во намалување на нивото на шеќер во крвта. Спроведената студија од Ројтерс потврдува дека по 3 месечно вежбање се намалува индексот на телесна маса.

Намален ризик од срцеви заболувања – Здравиот начин на живот влијае  во намалување на ризикот од срцев удар, го намалува високиот крвен притисок и шеќерот во крвта.

Објавено:
9 мај 2014
Категорија: 
Убавина