Чарлиевиот ангел во нова мисија

19 ноември 2014

Актерката својата колекција шминки „Flower Beauty“ ја лансираше во САД во 2013 година и дури година ипол подоцна, истата е дистрибуирана во Канада, токму поради големата побарувачка за истата. Станува збор за колекцијата која не е типична во однос на соработките кои ги прават познатите личности, а интересен факт е дека истата е составена од дури 64 различни продукти.

За пример, ќе посочиме дека постојат осумнаесет различни нијанси од карминот за усни од линијата High-Shine Lip Color. Покрај кармините, колекцијата „Flower Beauty“ е составена од голем број нијанси на сенки за очи, туш, маскара, богата палета на лакови за нокти, течни пудри, четка за апликација, моливи за очи и парфеми. „Мејкап“ колекцијата ќе се продава во Walmart и ќе може да се нарача преку нивниот онлајн шоп.

Преземеоно од Fashion Magazine
Објавено:
19 ноември 2014
Категорија: 
Убавина